Cover WEB 2020 MK
no-image

Здружението Бизнис Информативен и Консалтинг Центар - Сандански со задоволство ве поканува да учествувате на завршната конференција на пректот „Млади лица - новите промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“. Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ - ИПА Програмата за прекугранична соработа меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014 - 2020.

Локација
Интерхотел "Сандански"
Датум
30.10.2020
Време
12:00
Агенда
no-image

По завршувањето на првата Фаза од Академија за млади промотори на културното наследство, деновиве стартува втората фаза од Академија за млади промотори, која ќе се одржи од 22 до 24 октомври 2020 година во Струмица и Дојран. На обуката ќе учествуваат најдобрите десетмина учесници од Република Бугарија и Република Северна Македонија кои учествува во првата фаза на Академија за млади промотори „Споделете го културното наследство од Вашиот регион“.

Локација
Струмица и Дојран
Датум
22.10.2020
Време
12:00
Агенда
no-image

Здружението Туристички Сојуз Струмица - Струмица ве поканува да учестувате во првата фаза од Академија за млади промотори на културното наследство - четиридневна обука и летен камп „Споделете го културното наследство ов вашиот регион“ кој се организира во рамки на проектот „Млади лица - нови промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“. Проектот е финансиран преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Бугарија - Република Северна Македонија.

no-image

Здружението Бизнис Информативен и Консалтинг Центар ве поканува да учестувате во првата фаза од Академија за млади промотори на културното наследство - четиридневна обука и летен камп „Споделете го културното наследство ов вашиот регион“ кој се организира во рамки на проектот „Млади лица - нови промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“. Проектот е финансиран преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Бугарија - Република Северна Македонија.

no-image

На 7 и 8 февруари 2020 година во Хотел „Вила Парк“, Струмица се одржа Форум за дискусија на тема „Креативна и иновативна промоција на заедничкото и уникатно културно наследство на прекуграничниот регион“. Форумот се организира од страна на Здружението Туристички Сојуз - Струмица, како дел од активностите од проектот „Млади лица - нови промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“.

no-image

Здружението Туристички Сојуз Струмица - Струмица организира форум за дискусија на тема „Креативна и иновативна промоција на заедничкото и уникатно културно наследство на прекуграничниот регион“, кој ќе се одржи на 7ми и 8ми февруари 2020 година.

no-image

На 22-23.01.2020 година се одржа втората средба на тимот на проектот „Млади лица – нови промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“, кофинансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ – ИПА Бугарија – Македонија.

no-image

На 17 - 18.09.2019 година во работните простории на Здружението Бизнис Информативен и Консалтинг Центар Сандански беше одржан првиот состанок за отпочнување на активностите на проектот „Млади лица – нови промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“, кофинансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ – ИПА Бугарија – Македонија.