Cover WEB 2020 MK

Здружението Туристички Сојуз Струмица - Струмица организира форум за дискусија на тема „Креативна и иновативна промоција на заедничкото и уникатно културно наследство на прекуграничниот регион“, кој ќе се одржи на 7ми и 8ми февруари 2020 година.

 

Форумот се организира како дел од активностите од проектот „Млади лица – нови промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“ кој се спроведува од страна на Здружението Туристички Сојуз Струмица - Струмица и Здружение бизнис Информативен и Консалтинг Центар - Сандански, Република Бугарија, финансиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ - ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014 - 2020.

Целта на настанот е да се поттикне дискусија помеѓу засегнатите страни од прекуграничниот регион за предизвиците, можностите и специфичните алатки и активности за креативна и иновативна промоција на заедничкото и уникатно културно наследство во прекуграничниот регион на двете држави.

За таа цел ќе бидат презентирани можности, предизвици и специфични алатки и активности за креативна и иновативна промоција на заедничкото и уникатно културно наследство на прекуграничниот регион. Исто така учесниците ќе имаат можност да посетат објекти и локалитети од недвижното културно наследство во Југоисточниот плански регион.

Извор: Проект YCP