Cover WEB 2020 MK

Општи информации за проектот

Проектот „Млади лица - нови промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“ е 15-месечна инцијатива на Здружението Туристички Сојуз Струмица - Струмица (Република Северна Македонија) и Здружение Бизнис Информативен и Консалтинг Центар - Сандански, Република Бугарија, финансиран во рамките на Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Целта на проектот е промоција и валоризација на заедничкото културно наследство на двете држави. Прекуграничниот регион на Република Бугарија и Република Северна Македонија е препознатлив по уникатните културно - историски знаменитости и вредности (цркви и манастири, фестивали, карневали, стари занаети, автентични етно-амбиенти, разновидна и зачувана традиција и локален фолклор). Овие знаменитости и вредности нудат одлични можности за одржлив развој на различни форми на туризам и може да одиграат клучна улога во промоцијата на тековната туристичка понуда во регионот. Од друга страна, особено е важно вклучувањето на младите лица во процесот на зачувување и промоција на заедничкото културно наследство во регионот, бидејќи тие се оние кои ќе го продолжат негувањето на културните традиции.  Директното вклучување на младите лица, изразено преку нивниот ентузијазам и креативност, во промоцијата на културното наследство од прекуграничниот регион, ќе осигура одржливост на овој процес.

Во тој контекст, една од главните цели на овој проект e да се поттикне учеството и да се поддржат младите лица активно да учествуваат во процесот на промоција на заедничкото и уникатно културно наследство од прекуграничниот регион на Бугарија и Северна Македонија. Како дел од богатата и разновидна работна програма на проектот, во Бугарија и Северна Македонија ќе се организираат низа кампови и обуки за вмрежување на млади лица со цел подобрување на нивните маркетиншки и технички вештини за да развијат конкретни проекти/идеи за промоција на културниот идентитет на заедничкиот прекуграничен регион и нивните заедници.

Во завршната фаза од спроведувањето на проектот, ќе се организира голем јавен настан каде најдобрите Млади Културни Промотори ќе ги презентираат своите иновативни идеи и проекти за промоција на уникатното, заедничко културно наследство од прекуграничниот регион на двете земји.

 

Проектни активности

Следниве активности ќе бидат спроведени како дел од разновидната и богата работна програма на проектот:

  • Управување и координација со проектот.
  • Кампања за информирање на јавноста и публицитет - да се промовира проектот, активностите, настаните и изворот на финансирање (ЕУ) меѓу целните групи на проектот, засегнатите страни и чинители и населението од подобниот прекуграничен регион во Бугарија и Северна Македонија.
  • Прекуграничен натпревар (конкурс) - „Споделете го културното наследство од Вашиот Регион“.
  • Кампови и обуки за млади културни промотори (Ниво 1) во Северна Македонија и Бугарија.  
  • Заеднички културен календар на културни настани и манифестации во прекуграничниот регион на Бугарија и Северна Македонија.  
  • Развој и изработка на иновативен онлајн софтвер за организација и промоција на културни настани.
  • Дизајн, изработка, техничко одржување и ажурирање на веб-портал и социјални медиуми на проектот.
  • Изработка и промоција на кратки видео спотови на културни / младински организации од прекуграничниот регион.
  • Камп и обука за млади културни промотори (Ниво 2) во Северна Македонија.  
  • Форум за дискусија во Струмица.
  • Завршна конференција во Бугарија.
  • Воспоставување мрежа на млади културни промотори од Бугарија и Северна Македонија.

 

Очекувани резултати

Со реализацијата на проектот, ќе се постигнат следниве резултати и придобивки:

  • Зајакната свест на засегнатите страни, целните групи и останати чинители за заштита и зачувување на заедничкото културно наследство, културните настани, манифестации, вредности и организации од прекуграничниот регион на двете земји.
  • Подобрена промоција и зголемена валоризација на заедничкото и уникатно културно наследство од прекуграничниот регион на двете земји.
  • Промовирана соработката меѓу регионалните чинители во областа на културниот туризам.
  • Развиени и изработени иновативни алатки, активности и идеи за промоција и валоризација на заедничкото културно наследство и културни оператори од прекуграничниот регион.
  • Промовирана инклузијата и учеството на младите лица во процесот на промоција и валоризација на заедничкото културно наследство од прекуграничниот регион.
  • Зголемена поддршка и подобрено иновативно и креативно размислување, вмрежување и модерни вештини на младите лица од прекуграничниот регион.
  • Воспоставена одржлива мрежа за промоција, соработка и валоризација на заедничкото културно наследство од прекуграничниот регион.

 

Целни групи

Следните целни групи ќе имаат придобивки од спроведувањето на проектот:

  • Културни и младински организации од прекуграничниот регион на двете земји;
  • Локалните власти (општините) од прекуграничниот регион, регионалните власти, итн.;
  • Здруженија на граѓани активни во областа на културата, туризмот и регионалниот развој на прекуграничниот регион;
  • Младите лица на возраст од 16 до 29 години кои имаат посебен интерес кон културата, локалните традиции и стари занаети;
  • Средни училишта и други образовни институции.