Cover WEB 2020 MK

Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија е донесена и усвоена на 5ти Август 2015 година од страна на Европската Комисијата со одлука број № C (2015) 5653 и се фокусира на мерките насочени кон ублажување на последиците од климатските промени, како и на решавањето на прашања и проблеми поврзани со заштита на природата и биодиверзитетот, одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и управување со ризици на прекугранично ниво. Главниот фокус на програмата, исто така, е насочен и кон заштитата на природното и културното наследство во регионот. Покрај тоа, финансирањето ќе помогне во зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и во олеснување на нивниот пристап до нови пазари.

Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка опфаќа 2 погранични региони од Бугарија и 3 региони од Република Северна Македонија. Таа е со вредност од повеќе од 19 милиони € со учество од речиси 17 милиони € од Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Некои од очекуваните резултати вклучуваат:

  • Подобрени и зајакнати капацитети за заштита на животната средина и одржливо користење на заедничките природни ресурси, на пример, со инвестирање во зелена инфраструктура, како и во организација на обуки и спроведување активности за јакнење на капацитетите на јавните институции;
  • Подобрени и зајакнати капацитети за заедничка реакција во случај на пожари, поплави и други вонредни состојби преку регулација на речните корита, сливови и брегови, зонско и  регионално / локално планирање прилагодено на речните сливови и со спроведување на сеопфатни иницијативи за заштита од пожар;
  • Зголемување на атрактивноста на туризмот преку обновување на објекти од културно-историското наследство и одржување на традиционални предели и локалитети;
  • Зајакната соработка и вмрежување за одржлив развој на туризмот;
  • Подобрување на условите за развој на бизнисот: конкурентна локална економија заснована на регионални средства и силни врски со меѓународните пазари преку зајакнување на капацитетите на образовниот систем ориентиран кон потребите и барањата на пазарот;
  • Јакнење на капацитетите на јавниот и приватниот сектор за развој на бизнисот преку промоција на претприемништвото и соработката за размена на нови идеи, вештини и технологии, како и поттикнување на создавањето на нови фирми.

Следниве региони се вклучени во Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Република Северна Македонија:

  • Во Бугарија: областите на Благоевград и Ќустендил.
  • Во Република Северна Македонија:  Североисточен, Југоисточен и Источен плански регион.

Програмата се фокусира на следниве три приоритети:

  1. Животна средина;
  2. Одржлив туризам;
  3. Конкурентност

Вкупeн буџет на програмата за прекугранична соработка: 19 461 690 €.

Вкупно учество на Европската Унија (ИПА - Инструмент за претпристапна помош): 16 542 434 €.

Програмата е управувана од страна на Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.