Cover WEB 2020 MK
no-image

Во текот на месец март, 2022 година, се одржа онлајн Седница на Заедничката работна група на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија за новиот програмски период 2021-2027, во чија работа учествуваат претставници од надлежните министерства на двете земји.

По донесувањето на финалната нацрт-верзија од страна на Заедничката работна група, Програмата е доставена на конечно усвојување до Европската Комисија во Брисел. По усвојувањето на Програмата ќе може да отпочне нејзината имплементација преку финансирање на заеднички проекти меѓу Северна Македонија и Бугарија.

За новиот програмски период 2021-2027 предвидени се 31 милион евра од Европската Унија со кои што ќе може да се реализираат значајни проекти во двете земји, како и еден стратешки проект, граничниот премин Клепало, за што се резервирани околу 10 милиони евра.

no-image

На крајот од месец март 2022 година, во градот Сандански се одржа работна средба меѓу претставници на општините од прекуграничнот регион Република Бугарија – Република Северна Македонија.

Од страна на Министерството за регионален развој и јавни работи на Бугарија, проектот „Младите луѓе – новите промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“ беше претставен како добра практика и успешен проект од програмскиот период 2014-2020 година.

Воспоставената мрежа на соработка меѓу организациите како резултат од проектот придонесува за развој на културата и генерално унапредување на соработката меѓу чинителите во повеќе области (култура, туризам) од двете држави.

no-image

Ова лето искористете ја можноста да ја прославите културата во Европа. Пријавете се на фото конкурс организиран од Европската комисија.

no-image

На 2ри септември 2020 година Европската комисија го објави почетокот на годишниот натпревар за превод за учесниците од средните училишта од цела Европа Juvenes Translatores. Од 2ри септември, училиштата од сите земји членки на ЕУ ќе можат да се регистрираат онлјан за да можат нивните ученици да се вклучат во натпреваруваат заедно со врсници од други земји на ЕУ.

no-image

Отворена е бесплатната ИТ инцијатива на училишната академија Телерик за деца од 1 до 12 одделене за учебната 2020 – 2021 година. Учениците ќе имаат можност да се запознаат и да научат за програмирањето и дигиталните науки во 110 училишта во 33 различни градови во Бугарија.

no-image

Центарот за развој на човечки ресурси, Европскиот информационен центар „Европа директен“ - Софија и Европскиот потрошувачки центар - Бугарија организираат натрпевар за развој на студентите на тема „Мојот зелен град“.

no-image

Онлајн обуката има за цел да ве запознае со основните концепти за управување со проекти што се применуваат во Еразмус Плус програмата.

Во обуката ќе бидат опфатени следниве теми: општ пристап во управувањето на проекти / одговорности на проектниот менаџер, структура на проектот, алатки за планирање, тимска координација, вклучување на засегнатите страни, мониторинг и контрола, извештаи итн.

no-image

Европската комисија создаде ЕУ - онлајн платформа со основни информации за слободното движење и безбеден турзам во цела Европа.
Со цел да им помогне на луѓето да можат да ги планираат своите патувања и одмори во текот на летото па и пошироко, платформата ќе ги содржи потребни информации за патниците, во поглед на границите, мерки за возилата, ограничувањата како и мерките за заштита на здравјето како што се физичко растојание, носење на маски како и други информации кои ќе им бидат потребни на патниците.

no-image

Во текот на изминатите неколку години, маркетингот претрпе огромна трансформација. Сега, веројатно најефикасна стратегија со која може да се поврзете со вашата публика се видеата.

no-image

Ова шесто издание на регионалниот веб бинар ќе биде поддржано од УНЕСКО и Регионалната едукативна група за Латинска Америка и Карибите - управување со ризици, катастрофи и миграција.

no-image

Ова шесто издание на семинарските сесии ќе биде поддржано од УНЕСКО и организацијата Регионална едукативна група за Латинска Америка и Карибите – Управување со ризици, катастрофи и миграција.

no-image

Водечкото Career Show 2020 преминува во хибридна форма и ги изненадува лицата коишто бараат работа оваа година. Организаторите ќе имаат можност да организираат два настани –физичко присуство на 24 ноември 2020 година во сала „Арена Армеец“, а на 25 ноември ќе организираат онлајн настан.

no-image

Основна цел на консултациите е да се соберат гласовите на младите луѓе и да се претстават пред различни засегнати страни, кои ќе влијаат врз донесувањето на одлуките на младите како и врз светото во кој сакаме да живееме.

no-image

По стабилизирањето на новонастанатата состојба поврзана со новата пандемија настаната од корона вирус (Covid – 19), една од најважните Европски приоритети ќе биде борбата против невработеноста.

no-image

Светскиот ден на културната разновидност за дијалог и развој се одржува секоја година на 21 мај, со што се одбележува не само културното богатство во светото туку и меѓу културниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој.

no-image

Новонастанатата состојба во целиот свет COVID - 19 ги затвори училиштата, меѓутоа воведе нови предизвици за родителите кои се дома со своите деца за креативно учење и откривање.

За таа цел УНЕСКО воведува една креативна активност за промоција на културно наследство. Ги поканува децата на возраст од 6 до 12 години до нацртаат културно наследство кое е признаено од УНЕСКО најдоцна до 17 мај 2020 година. Културното наследство може да биде место од нивната земја, заедница, место кое го посетиле, место кое го виделе во книга, филм или ТВ-емисија.

no-image

Пред прославата на овогодинешниот Ден на Европа (9-ти мај), Европската Комисија и Europa Nostra со гордост ги објавија победниците за Европско Наследство за 2020 година / Европа Ностра Награди.

Љубителите и поддржувачите на европското наследство од целиот свет ќе можат онлајн да гласаат за своите омилени и да одлучат кој ќе ја освои наградата оваа година. Во време на затварање и физичко растојание, Европската комисија и Europa Nostra се надеваат дека ќе инспирираат голем број на луѓе да ги откријат нивните победниците за оваа година. Наградата за јавен избор ќе биде објавена во есен оваа година. Победниците ќе добијат парична награда од 10.000 евра, и истите ќе бидат јавно објавени.