Cover WEB 2020 MK

Новонастанатата состојба во целиот свет COVID - 19 ги затвори училиштата, меѓутоа воведе нови предизвици за родителите кои се дома со своите деца за креативно учење и откривање.

За таа цел УНЕСКО воведува една креативна активност за промоција на културно наследство. Ги поканува децата на возраст од 6 до 12 години до нацртаат културно наследство кое е признаено од УНЕСКО најдоцна до 17 мај 2020 година. Културното наследство може да биде место од нивната земја, заедница, место кое го посетиле, место кое го виделе во книга, филм или ТВ-емисија.

 

За да дознаете повеќе за културното наследство како и за приказните кои се поврзани за наследството може да го видете списокот на културно наследство на веб страната на УНЕСКО.

УНЕСКО ќе ги сподели на својата веб страна најдобрите цртежи.

За учество во изложбата потребно е согласност од родител или старател и истите треба да бидат испратени преку нивниот профил на Instagram. Профилот преку кој ќе се објавува мора да биде јавен за да бидат видливи за членките на УНЕСКО.

Како да учествувате:

1 - Заследете го УНЕСКО на Instagram

2 - Кликнете лајк на објавата од УНЕСКО за изложба на млади уметници

3 - Објави ја фотографијата јавно и напиши краток опис за уметничкото дело кое е нацртано и напиши податоци за уметникот (име и земја на потекло) користејќи го хаштагот #ShareOurHeritage и означете го @unesco.

4 - Споделете ја објавата како story на вашиот Instagram профил користејќи го хаштагот #ShareOurHeritage и @unesco

Извор: en.unesco.org