Cover WEB 2020 MK

На 2ри септември 2020 година Европската комисија го објави почетокот на годишниот натпревар за превод за учесниците од средните училишта од цела Европа Juvenes Translatores. Од 2ри септември, училиштата од сите земји членки на ЕУ ќе можат да се регистрираат онлјан за да можат нивните ученици да се вклучат во натпреваруваат заедно со врсници од други земји на ЕУ.

Оваа година, младите учесници ќе мораат да преведат текст на тема „Пронаоѓање на патот во тешки времиња – заедно сме посилни“. Учесниците ќе имаат можност да преведуваат на било кои два јазика од вкупно 24-те официјални јазици на ЕУ (552 можни комбинации на јазици). На минатогодишниот натпревар учесниците користеа вкупно 150 различни јазични комбинации.
Првата фаза е регистрација на училиштата до 20 октомври 2020 година. Наставниците можат да ги регистрираат на било кој од 24 официјални јазици на ЕУ.

Комисијата ќе покани вкупно 750 училишта и тие продолжуваат во следната фаза. Бројот на училиштата кои учествуваат од секоја земја, е еднаков на бројот на места што земјата ги има во Европскиот парламент, и истите се избираат по случаен избор. Избраните училишта предложуваат 2-5 ученици кои ќе ги претставуваат на натпреварот. Учениците можат да бидат од било која националност, родени во 2003 година.
Натпреварот ќе се одржи онлајн на 26 ноември 2020 година, во сите училишта кои се избрани за учество. Победниците (кои треба да бидат по еден претставник од земја) ќе бидат објавени на почетокот на месец февруари 2020 година.

Доколку условите дозволат, своите награди учениците ќе ги добијат во пролет 2021 година на свечената церемонија во Брисел, каде ќе имаат можност да се сретнат со преведувачи од Комисијата и да дознаат повеќе за нивната работа.


Повеќе информации за натпреварот може да видите овде:
https://ec.europa.eu/commission/presscorner/detail/en/IP_20_1545