Cover WEB 2020 MK

Tourist Union Strumica

Здружение Туристички Сојуз Струмица - Струмица

Здружението Туристички Сојуз Струмица - Струмица е граѓанска и непрофитна организација, формирана заради вршење на дејности и активности насочени кон развој на културата, туризмот и комплементарните сектори на територијата на општина Струмица и Југоисточниот регион. Здружението е основано во 2010 година во согласност со Законот за здруженијата и фондациите објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 52-2010.
Главни цели на Здружението Туристички Сојуз Струмица - Струмица се: развој на алтернативни форми на туризам, промоција на дојдовен туризам, развој на културата и туризмот, претприемништво во туризмот за млади, како и промоција на туристичките производи и пакети во туристичката дестинација Струмица.
Од своето основање до денес, здружението самостојно спроведе повеќе проекти во областа на туризмот, регионалниот маркетинг, претприемништво за млади, а, учествуваше и како партнер во спроведувањето на повеќе регионални, национални и меѓународни проекти. Општите надлежности се поврзани со подготовка и спроведување на проекти од областа на туризмот. Поконкретно, тоа вклучува изработка и дизајн на промотивни материјали, организација на разни настани, промоција, вмрежување, итн.
Здружението Туристички Сојуз Струмица - Струмица успешно спроведе неколку проекти од областа на регионалниот економски развој, финансирани од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Туристички Сојуз - Струмица воспостави успешна соработка со повеќе меѓународни институции и организации, практикувајќи ги принципите на доверба, меѓусебно разбирање и пријателство. Понатаму, Туристички Сојуз - Струмица има значително искуство во областа на проектниот менаџмент односно подготовка, управување и спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија, особено во рамките на ИПА програмите за прекугранична соработка. Здружението успешно спроведе неколку проекти финансирани во рамките на Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка со Бугарија 2014-2020 и други донатори.

 


 

BICC Sandanski

Бизнис Информативен и Консалтинг Центар - Сандански

Здружението Бизнис Информативен и Консалтинг Центар - Сандански (БИЦЦ - Сандански) е невладина организација со повеќе од 20 годишно искуство во областа на деловниот и социјалниот развој, обука и менторство во претприемништвото, финансиски консалтинг и B2B услуги. БИЦЦ - Сандански е здружение со членство. Во моментов, организацијата има 35 активни членови кои вклучуваат приватни претприемачи, деловни организации, МСП и лица поврзани со деловниот и економскиот развој во регионот. Нашата главна област на дејствување го опфаќа регионот на jугозападна Бугарија, област со растечки економски и социјален развој.
БИЦЦ им овозможува на локалните компании поддршка за развој на бизнисот, консултантски услуги и меѓународен контакт. Во исто време, организацијата има за цел да ја зајакне соработката со странските партнери и да привлече странски инвеститори во регионот. Организацијата дисеминира специфични информации, обезбедува деловни консултантски услуги, организира разни работилници и други настани за јакнење на капацитетите за малите и средни претпријатија, ја поттикнува деловната соработка и на прекугранично и на меѓународно ниво преку обезбедување поддршка за учество на настани за вмрежување и други Б2Б иницијативи, итн.
Во моментов, БИЦЦ спроведува повеќе проекти и активности насочени кон зголемување на конкурентноста, компетенциите, вештините и знаењето на локалните компании и претприемачи, информирајќи ги за тековните економски и социјални теми преку организација на семинари, курсеви за обука, работилници, тркалезни маси, форуми за дискусии, итн.
Во 2008 година, БИЦЦ стана дел од Enterprise Europe Network (EEN) - Европска мрежа на бизнис можности во која учествуваат повеќе од 600 организации и 4000 квалификувани професионалци од 40 земји.