Cover WEB 2020 MK

Европската комисија создаде ЕУ - онлајн платформа со основни информации за слободното движење и безбеден турзам во цела Европа.
Со цел да им помогне на луѓето да можат да ги планираат своите патувања и одмори во текот на летото па и пошироко, платформата ќе ги содржи потребни информации за патниците, во поглед на границите, мерки за возилата, ограничувањата како и мерките за заштита на здравјето како што се физичко растојание, носење на маски како и други информации кои ќе им бидат потребни на патниците.


Платформата е дел од пакетот мерки кој ги објави Комисијата на 13 мај 2020 година во областа на туризмот и транспортот, со цел да ја врати довербата кај патниците и да помогне во безбедното продолжување на туризмот во ЕУ, притоа почитувајќи ги здравствените мерки.
Новата платформа исто така има и мобилна верзија, каде исто така се ажурирани потребните информации од Комисијата и земјите членки.
Со помош на интерактивна мапа, луѓето ќе можат да ги најдат потребните информации и совети за секоја земја членка.
Платформата ќе биде преведена на 24 официјални јазици на ЕУ, а пристапот до неа има преку веб страната или мобилната апликација.

Извор: Европска Комисија