Cover WEB 2020 MK

На крајот од месец март 2022 година, во градот Сандански се одржа работна средба меѓу претставници на општините од прекуграничнот регион Република Бугарија – Република Северна Македонија.

Од страна на Министерството за регионален развој и јавни работи на Бугарија, проектот „Младите луѓе – новите промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“ беше претставен како добра практика и успешен проект од програмскиот период 2014-2020 година.

Воспоставената мрежа на соработка меѓу организациите како резултат од проектот придонесува за развој на културата и генерално унапредување на соработката меѓу чинителите во повеќе области (култура, туризам) од двете држави.