Cover WEB 2020 MK

Во текот на месец март, 2022 година, се одржа онлајн Седница на Заедничката работна група на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија за новиот програмски период 2021-2027, во чија работа учествуваат претставници од надлежните министерства на двете земји.

По донесувањето на финалната нацрт-верзија од страна на Заедничката работна група, Програмата е доставена на конечно усвојување до Европската Комисија во Брисел. По усвојувањето на Програмата ќе може да отпочне нејзината имплементација преку финансирање на заеднички проекти меѓу Северна Македонија и Бугарија.

За новиот програмски период 2021-2027 предвидени се 31 милион евра од Европската Унија со кои што ќе може да се реализираат значајни проекти во двете земји, како и еден стратешки проект, граничниот премин Клепало, за што се резервирани околу 10 милиони евра.