Cover WEB 2020 MK

Здружението Бизнис Информативен и Консалтинг Центар - Сандански со задоволство ве поканува да учествувате на завршната конференција на пректот „Млади лица - новите промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“. Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ - ИПА Програмата за прекугранична соработа меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014 - 2020.

Во рамки на настанот ќе бидат претставени резултатите од проектот, кој имаше за цел да ти поттикне и поддржи младите лица од двете држави за промоција и валоризација на културното наследство на прекуграничниот регион на двете земји. Исто така ќе имаа претставници од културните организации и општините каде преку дискусија ќе се согледат можностите кои ги нуди промоцијата на заедничкото културно наследство на двете држави.

Во последниот  дел од конференцијата, учесниците ќе потпишат Меморандум за соработка и воспоставување на „Партнерска мрежа на младите промотори на културното наследство од Бугарија и Република Северна Македонија“.

Конференцијата ќе се одржи на 30 и 31 октомври (петок и сабота) 2020 година во конференциската сала на Интерхотел „Сандански“ во град Сандански. Со оглед на новонастанатата состојба во земјата предизвикана од ширењето на КОВИД - 19, бројот на учесници на настанот е ограничен на 25 лица, настанот ќе се спроведува со сите заштитни мери, препорачани од надлежните и здраствените органи, односно средствата за лична заштита (маски или шлемови), средства за дезинфекција и ракавици за еднократна употреба ќе им бидат достапни на учесниците.

Заради техничко - логистички причини, Ве замолуваме да го пополните формуларот за пријавување најдоцна до 29.10.2020, 17:00 часот, преку следниот електронски формулар за регистрација достапен ОВДЕ или на телефонските броеви наведени подолу.

Трошоците за сместување и оброци за учесниците се на товар на организаторите.

Локација
Интерхотел "Сандански"
Датум
30.10.2020
Време
12:00
Агенда