Cover WEB 2020 MK

По завршувањето на првата Фаза од Академија за млади промотори на културното наследство, деновиве стартува втората фаза од Академија за млади промотори, која ќе се одржи од 22 до 24 октомври 2020 година во Струмица и Дојран. На обуката ќе учествуваат најдобрите десетмина учесници од Република Бугарија и Република Северна Македонија кои учествува во првата фаза на Академија за млади промотори „Споделете го културното наследство од Вашиот регион“.

Заедничката обука ќе се реализира како 3-дневна обука, каде преку размена на искуства и вмрежување, а под менторство на експерти од областа на дигиталниот маркетинг, социјалните медиуми ќе имаат можност да ги разгледаат и доусовршат сопствените видеа кои се изработени во рамки на првата обука - Академија за млади промотори - Ниво 1.


Со оглед на новонастанатата состојба во земјата предизвикана од ширењето на КОВИД - 19, обуката ќе се спроведува во согласност со сите заштитните мерки, препорачани од надлежните и здравствени органи, односно средствата за лична заштита (маски или шлемови), средства за дезинфекција и ракавици за еднократна употреба ќе им бидат достапни на учесниците.
Извор: Проект YCP

Локација
Струмица и Дојран
Датум
22.10.2020
Време
12:00
Агенда