Cover WEB 2020 MK

На 7 и 8 февруари 2020 година во Хотел „Вила Парк“, Струмица се одржа Форум за дискусија на тема „Креативна и иновативна промоција на заедничкото и уникатно културно наследство на прекуграничниот регион“. Форумот се организира од страна на Здружението Туристички Сојуз - Струмица, како дел од активностите од проектот „Млади лица - нови промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“.


Општата цел на Форумот беше да се поттикне дискусија помеѓу заинтересираните страни од прекуграничниот регион за предизвиците, можностите и специфичните алатки и активности за креативна и иновативна промоција на заедничкото и уникатно културно наследство.

Slide1

Учесниците од двете земји имаат можност да се запознаат со целите, очекуваните и планираните активности на проектот „Млади лица - нови промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“, да проследат презентации и да учествуваат во дискусија поврзана со предизвиците, можностите и специфичните алатки и активности за креативна и иновативна промоција на заедничкото и уникатно културно наследство на прекуграничниот регион. Во вториот дел од настанот, учесниците од двете земји посетија некој од најзначајните објекти и локалитети од недвижното културно наследство во Југоисточниот плански регион.

Извор: Проект YCP