Cover WEB 2020 MK

На 17 - 18.09.2019 година во работните простории на Здружението Бизнис Информативен и Консалтинг Центар Сандански беше одржан првиот состанок за отпочнување на активностите на проектот „Млади лица – нови промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“, кофинансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ – ИПА Бугарија – Македонија.

 

На состанокот присуствување тимот на проектот од Македонија и Бугарија, т.е. Туристички Сојуз – Струмица и Здружение Бизнис Информативен и Консалтинг Центар – Сандански.

Главната цел на состанокот беше да се собере тимот на проектот од Бугарија и Македонија за да се дискутира и да се усвои деталниот интерен план на активности, вклучувајќи активности, резултати, индикатори, временска рамка, ресурси и одговорности за одредени активности како дел од работната програма на проектот. 

Извор: Проект YCP