Cover WEB 2020 MK

Водечкото Career Show 2020 преминува во хибридна форма и ги изненадува лицата коишто бараат работа оваа година. Организаторите ќе имаат можност да организираат два настани –физичко присуство на 24 ноември 2020 година во сала „Арена Армеец“, а на 25 ноември ќе организираат онлајн настан.

На 24 ноември во сала „Арена Армеец“ 3000 квалификувани кандидати ќе имаат можност да се сретнат со 200 фирми. На површина од над 4, со запазување на сите мерки за безбедност, ќе има поставено 4 отворени сцени за предавање и работилници - настанот ќе претставува мост за развој на кариерата оваа година. На онлајн саемот на 25 ноември ќе учествуваат најдобрите компании со над 200 учесници од цела Бугарија и Европа.
Технологијата која ќе се користи во онлајн наставата на Career Show 2020 нема да биде спроведена само преку емитување во живо на Интернет, туку ќе им обезбеди на учесниците едно поинакво и ефективно решение.

Тоа ќе биде спроведено преку модерниот систем за вмрежување, новата верзија за детално филтрирање на учесниците по критериуми како и за договарање на интервјуа.
Хибридниот модел Career Show 2020 е инвестиција за подобрување на економската средина и вработувањето во периодот на криза.

Проектот е поддржан од голем број на државни и приватни институции, кои промовираат иновативни практики за поврзување на работодавците со квалификуваниот персонал во нашата земја.

Секој кој сака да учествува на настанот на 24 ноември во сала Арена Армеец и на 25 ноември онлајн – може да се регистрира на овој линк: https://careershow.bg/

Извор:dnevnik.bg