Cover WEB 2020 MK

Започна прекуграничниот натпревар за изработка на кратко ВЛОГ видео, преку кој ќе се промовира уникатното и културното наследство на прекуграничниот регион на Република Северна Македонија и Република Бугарија.

 

На конкурсот може да се пријават млади лица од 16 до 29 години со постојано место на живеење на територијата на Југоисточниот плански регион, кои имаат иновативни и креативни идеи за промоција на културното наследство од нивниот регион или град. На натпреварот може да учествуваат поединци (едно лице) или тимови (најмногу до тројца учесници).

Се што треба да направите е да снимате кратко ВЛОГ видео, во кое ќе ја презентирате вашата идеја за промоција на вашето културно наследство.

Најдобрите идеи ќе добијат бесплатно учество на низа обуки (кампови) во Бугарија и Северна Македонија, можност за мрежно поврзување размена на искуства и идеи, стекнување знаења и вештини од докажани експерти со долгогодишно искуство од областа на дигиталниот маркетинг, професионална изработка на видеа, социјални медиуми, итн.

Крајниот рок за доставување на кратки ВЛОГ видеа е 23 март 2020 година.

Повеќе за конкурсот и условите за учество може да најдете на овој линк

Извор: Проект YCP