Cover WEB 2020 MK

 

Прекуграничен натпревар (конкурс) за изработка на кратки ВЛОГ видеа на тема „Споделете го културното наследство од вашиот регион“

Натпреварот/Конкурсот има за цел да ги вклучи младите лица (на возраст од 16 до 29 години) на тој начин што ќе ги претстават своите идеи за промоција на културното наследство од прекуграничниот регион преку изработка на иновативни и креативни, кратки ВЛОГ видеа. Согласно целите на натпреварот, ВЛОГ видеата ќе се сметаат како онлајн направени  видеа на кои се прикажани поединци/тимови чија намера е да испратат порака, идеја или информација до јавноста, одредена целна група или индивидуа. ВЛОГ видеата треба да содржат кратка информација, содржина или опис на идејата на тимот/поединецот за избраниот елемент (знаменитост) од областа на културното наследство од својот регион кој/и има/ат намера да го промовира/ат. Фокусот на учесниците треба да биде повеќе насочен кон пораката и идејата кои сакаат да ја испратат со цел промоција на културното наследство од својот регион, а не на квалитетот на ВЛОГ видеата, со тоа што можат да ги користат своите паметни телефони и видео камери.

Најиновативните, најинтересните и практични  идеи / проекти / активности за промоција на уникатното културно наследство од прекуграничниот регион на двете земји ќе бидат оценувани и избрани од страна на Комисијата за оценување, составена од независни експерти, претходно избрани од страна на организаторите.

Најдобрите ВЛОГ видеа ќе добијат сертификати и признанија за учество, како и награди од организаторите на натпреварот. Наградените ќе добијат можност за учество на низа кампови / обуки за Млади Културни Промотори - сеопфатна обука и можност за вмрежување, организирана во серија од три настани за јакнење на капацитетите и вмрежување за млади лица од Бугарија и Северна Македонија.

За повеќе информации за натпреварот, контактирајте ги организаторите, користејќи ги деталите за контакт дадени подолу:

-  Во Северна Македонија: Лица за контакт: Драган Гонев и Марија Николова, Здружение Туристички Сојуз Струмица - Струмица,

Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., тел: +389 78 400 642 / +389 71 722 135.

- Во Бугарија: Лице за контакт: Пламен Тодоров, БИЦЦ - Сандански,

Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., тел: +359 74630549.

Здружението Туристички Сојуз Струмица - Струмица и Бизнис Информативен и Консалтинг Центар - Сандански ќе ги обработуваат и користат личните податоци на секој учесник исклучиво за потребите на натпреварот. Податоците нема да бидат доставувани до трети страни и ќе бидат отстранети од архивите на двете организации по завршувањето на проектот.