Cover WEB 2020 MK

Светскиот ден на културната разновидност за дијалог и развој се одржува секоја година на 21 мај, со што се одбележува не само културното богатство во светото туку и меѓу културниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој.

Генералното собрание на Обединетите нации за прв пат го прогласи овој Светски ден во 2002 година, откако УНЕСКО ја освои Универзалната декларација за културна разноликост од 2001 година, препознавајќи ја потребата за „зајакнување на потенцијалот на културата како средство за постигнување просперитет, одржлив развој и глобален мирен соживот“.
Светскиот ден на културната разновидност за дијалог и развој е повод да се промовира и потенцира важноста на културата.
Тоа е можност да се промовираат како материјалните така и нематеријалните културни добра, и да се размисли како тие придонесуваат за взаемно разбирање и одржлив развој.

Сите се поканети да се придружат и да ги промовираат културните вредности низ целиот свет.

Извор:en.unesco.org