Cover WEB 2020 MK

„Ѓура Мара“ - Русалииски игри и обичаи

Апр 01, 2020 ДО Апр 02, 2020
Festival Фестивал
Folklore Фолклор
Important event Важен настан
Music Музика
Народната традиција „Ѓура Мара“ опостојува и сведочи 200 години. Се зборува за братот Ѓуро и сестрата Мара која била грабната од орото додека играла со девојките од селото. Братот Ѓуро тргнал заедно со другарите да ја спаси од грабнувачите, но загинал во тешка борба. Сестрата била вратена во селото, тажна за загубата на братот. Оттогаш во селото, на третиот ден на Велигден, се игра само моминско оро, а постарите жени со стапови бранат машките лица да се фатат на орото.