Cover WEB 2020 MK

Првата фаза на Академијата за млади промотори – четиридневна обука и камп „Споделете го културното наследство од вашиот регион“ која се одржа во периодот од 19 до 22 август 2020 година во Хотел „Вила Парк“ Струмица, заврши успешно.

slika camp 01

Во обуката зедоа учество 20 млади лица кои беа избрани како најдобри учесници од натпреварот за кратко VLOG видео на тема „Споделете го културното наследство на вашиот регион“.
Во рок од четири дена учесниците имаа можност да ги подобрат и усовршат своите вештини во областа на креирање квалитетна видео содржина, вклучувајќи различни форми на пишување на сценарио и приказни.
Учесниците беа поделени во тимови и имаа задача да создадат кратко видео со цел промоција на културното наследство на иновативен начин. Сите екипи се претставија одлично, меѓутоа со цел исполнување на критериумите беа избрани најдобрите кои ќе продолжат во следната фаза на Академијата – тридневна обука и камп на млади промотори на културното наследство.
Aакадемијата и натпреварот се дел од главните активности на проектот „Млади лица – нови промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион”, кофинансиран од Европската Унија преку ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за Прекугранична соработка меѓу Бугарија и Република Северна Македонија

Во прилог⬇️⬇️⬇️⬇️