Cover WEB 2020 MK

На 30 и 31 октомври 2020 година во град Сандаски се одржа завршната конференција на проектот „Млади лица - нови промотори на културнот идентитет на прекугрничниот регион“. Настанот го организира Здружение Бизнис Информативен и Консалтинг Центар, Сандански во партнерство со Туристички Сојуз Струмица, со финансиска поддршка на Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014 -2020.

Конференцијата беше пренесувана во живо на Интернет, а претставниците од Република Северна Македонија имаа можност да учествуваат во дискусиите и да ги прикажат кратките видеа снимени од учесниците во рамки на проектните активности.

На конференцијата беа презентирани главните резултати од проектот - Академијата за млади промотори на културното наследство, кратките промотивни видеа од културните организации во регионот, заедничкиот културен календар на прекуграничниот регион Бугарија и Северна Македонија, софтверза организирање настани итн.

Имплементацијата на проектните активности имаше за цел да ги поддржи и поттикне заедничките иницијативи на младите од двете земји за промовирање и валоризирање на заедничкото културно наследство на прекуграничниот регион.

Во последниот дел од конференцијата, бешепрезентиран Меморандум за соработка и воспоставување на „Партнерска мрежа на млади промотори на културното наследство од Бугарија и Република Северна Македонија“.

Мрежата вклучува организации и институции кои работат во областа на културата и локалниот развој, кои ќе ги обединат нивните напори за промовирање на заедничка промоција и валоризација на заедничкото и уникатно културно наследство на прекуграничниот регион на двете земји.

Фото албум од конференцијата:

https://photos.app.goo.gl/JU1YQH43R2DBp4hC8