Cover WEB 2020 MK

Здружението Бизнис Информативен и Консалтинг Центар ве поканува да учестувате во првата фаза од Академија за млади промотори на културното наследство - четиридневна обука и летен камп „Споделете го културното наследство ов вашиот регион“ кој се организира во рамки на проектот „Млади лица - нови промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“. Проектот е финансиран преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Бугарија - Република Северна Македонија.

 

Во обуката учество ќе земат најдобирте учесници од натпреварот за кратки VLOG видеа на тема „Споделете го културното наследство од вашиот регион“, кој се одржа во периодот февруари – мај 2020 година и кој имаше за цел промоција на уникатното културно наследство на прекуграничниот регион.

Основната цел на обуката е учесниците да ги доразвијат своите идеи и проекти за промоција на културното наследство од нивниот регион, преку практични вежби во областа на создавање на содржина, видео обработка, промоција (дигитални и социјални меидуми)

Со оглед на новонастанатата состојба во земјата предизвикана од ширењето на КОВИД - 19, обуката ќе се спроведува во согласност со сите заштитните мерки, препорачани од надлежните и здравствени органи, односно средствата за лична заштита (маски или шлемови), средства за дезинфекција и ракавици за еднократна употреба ќе им бидат достапни на учесниците.

За повеќе информации во врска со настанот, контактирајте го проектниот тим во Бизнис Центар – Сандански

Повеќе информации за модераторите на обуката можете да прочитате овде