Cover WEB 2020 MK

Успешно заврши конкурсот за кратко видео на тема „Споделете го културното наследство од вашиот регион“, организиран од Бизнис Информационен и Консалтинг Центар - Сандански во рамки на проектот „Млади лица – нови промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“.

 

Целта на конкурсот беше да се  охрабрат и мотивираат младите лица и да се вклучат во промовирање и зачувување на уникатното културно наследство на прекуграничниот регион

И покрај новонастанатата состојба во земјата, повеќе од 40 млади луѓе од Благоевград на возраст од 16 - 25 години се приклучија на инцијативата.

Добивме многу интересни и иновативни видеа, што ја отежнуваше работата на жирито да ги одбере најдобрите.

Конечната листа е достапна овде и на Фејсбук страницата на проектот:

https://www.facebook.com/youngpromoters.eu 

Честитки до победниците !

Согласно правилата на конкурсот, најдобрите 20 учесници ќе добијат можност да учествуваат во четиридневната обука и камп „Споделете го културното наследство од вашиот регион“ - прво ниво.

Обуката ќе се одржи во комплексот „Божјо име“, во с. Балдево во период од 20 - 23 јули 2020 година. На крајот на обуката ќе ги одбереме најдобрите десет учесници кои ќе имаат можност да учествуваат на следната фаза на Академијата - тридневна обука „Млади промотори на културното наследство на регионот - второ ниво“, која ќе биде организирана во Република Северна Македонија.

Ви благодариме за учеството! До нови средби!