Cover WEB 2020 MK

Успешно започна првата фаза од Академија за млади промотори на културното наследство  - четиридневна обука и камп „Споделете го културното наследство од вашиот регион“, која се одржи од 20-23 јули во комплекс „Божјо име“, с. Балдево. Академиајта е организирана во рамки на проектот “Млади лица – новите промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион“, финансиран од страна на Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Република Северна Македонија.

 

Брандирана


Во обуката зедоа учество 20 млади лица кои беа избрани како најдобри учесници од натпреварот за кратко VLOG видео на тема „Споделете го културното наследство на вашиот регион“. Во рок од четири дена учесниците имаа можност да ги подобрат и усовршат своите вештини во областа на креирање квалитетна видео содржина, вклучувајќи различни форми на пишување на сценарио и приказни. Во практичниот дел од обуката учесниците имаа можност да се запознаат со модерната опрема за подготовка на видео (фотоапарати, мобилни телефони, дрон итн.) како и разни техники за затемнување, компонирање, режија итн. Исто така се запознаа со различни платформи за промоција на видео содржини како и корисни совети за работа со социјалните медиуми, алатки за управување со времето, планирање, комуникација.

Учесниците беа поделени во тимови и имаа задача да создадат кратко видео со цел промоција на културното наследство на иновативен начин. Сите екипи се претставија одлично, меѓутоа со цел исполнување на критериумите беа избрани најдобрите дванаесет кои ќе продолжат во следната фаза на Академијата – тридневна обука и камп на млади промотори на културното наследство која ќе се одржи кон крајот на летото во Република Северна Македонија.

До нови среби!

Во прилог ⬇️⬇️⬇️⬇️